И пак имаше денес причина да се насмее, да биде весела и исполнета. Тука беше дотичниот. И не и беше многу потребно, само еден поглед или украдена насмевка и денот е поубав. Ма најубав е, како што е најубава нејзината насмевка кога е предизвикана од нego.Образите ја издаваа, а реакциите уште повеќе. Па не е при себе она кога тој е во близина, едвај се контролира да не му се стрча во прегратки. Толку невина , чиста, разгорена заљубеност… Секој ден се поголема и поголема. Толку многу воздишки,насмевки,растрепереност и збрканост на едно место. Секојдневно истата приказна, а сеуште тоа беше неизбежно и значајно за неа. Неколку моменти со него беа дефиниција за среќа. И затоа никогаш не и се здосади да го чека секој ден на истото место, да поминува секој ден покрај истите места … Знаеше дека мора да се појави тој. Забележителен, дотеран со најпривлечната насмевка и најзаводливиот поглед. И не би било интересно кога би бил тој искрен или би направил нормален муабет со неа. Доволно беше горделив па многу прилики прошушти, но како и да е на еден посебен начин допре до неа, и покажа дека има машки за кои треба, но и вреди да се потрудиш. Но, кружејќи наоколу доста често и покажуваше дека ја приметил хемијата меѓу нив. И како да беа поврзани, секогаш перфектно се вклопуваа и знаеа да направат да им биде непредвидливо и напнато. И двајцата се инатеа и ги прекриваа своите чувства. Си поигруваа со неискажаните зборови. Доволно си беа забранети еден на друг, што можеби и полесно би било се’ да се сведе на привремена страст, или ‘другарска база’, кога и онака се’ ќе поминe.. Времето и околностите беа против нив. А толку многу си припаѓаа, колку што никогаш нема да си припаднат еден на друг.Таа чувствуваше нешто што никој до сега не го пробудил, толку колку што таа никогаш нема да се пробуди до него. Секогаш забораваше на овие факти, толку многу колку што знаеше дека никогаш нема да го заборави него… Ќе и остане најпосебен, најпосакуван, но не нејзин… Ќе останат во спомен само тие обични денови во кои тој и беше дозата на адреналин која не предизвикуваше пеперутки , туку цела зоолошка градина во нејзиниот стомак.Ќе и останат и тие мали, слатки мигови со него некаде во трагот на бескрајот..Ќе и остане нестивнатата желба за неговото присуство … Ќе остане недовршено се’ што започнаа да го градат уште од оние априлски денови… Деновите во кои никогаш не би ја предвиделе оваа нивна небиднина.
– XXX